Само зборуваме или веќе планираме каде за дочекот на Новата Година

0
340

Сеуште е рано да се подготвуваме , но но е е рано да зборуваме за тоа каде ќе ја дочекаме новата година. Оние кои остануваат дома во Битола оваа тема не им сега актуелна. Но оние кои сакаат да заминат некаде, време е да се подготват, ако не повеќе барем да почнат да ги плаќаат месечните рати.

-Веќе комплетната понуда за новогодишните празници е објавена имаме околу десетина програми, интерес има , посебно најмладите се интересираат за тие програми кои се специфични за нив, Белград е многу популарна, Будва исто така, Атина и останатите европски метрополи кои ги имаме во програмите, изјави, Никола Митревски Т.А Ариес
14970867_10209812247494441_1049872838_o
Порано новата година најчесто се славешее во домашна атмосфера со музика на телевизија и богата трпза. Како се менуваат времињата така почнавме да излегуваме од кругот на семејството. Најмаладите со другарчињата во некој дом, тинејџерите почнаа да ги полнат кафулињата, повозрасните наоро в кафеана или в хотел, а во поново време и плоштадите дојдоа да бидат место за собирање, по примерот на европските и светските метрополи. За таму не се потребни пари ниту за облека, ниту за мени карта или влезница и не мора да ги знаете да ги изграте сите ора.

– Интересот не е нешто, сеуште е рано иако сега имаме попусти за рано букирање за новогодишните програми, но генерално последните години Новата Година некако како да изгуби своето значење, не само за патување туку и за прославите , се жалат и рестораните нема доволно луѓе, но инаку лани беа задоволни бидејќи ги спуштија цените , со најнормални цени си поминаја една убава вечер , битно е да се дружи и да се помини убаво на новогодишната ноќ, изјави, Никола Митревски Т.А Ариес

Но, освен нашите, се повеќе се полнат плоштадите на градови во други држави. Петнаестина часа за до Будва, нешто слично Белград, Прага, Атина а се одбираат и подалечни дестинации. И тука велат имате полн погододк, освен што некоја позната музичка личност ќе ве воведе во новата година ќе направите и туристичка обиколка на знаменитостите.
Затоа агенциите тријат раце пред празниците.

Без коментари

LEAVE A REPLY