Самоков ја виде мајсторијата на Христијан Илиоски

0
436

Христијан Илиоски беше нашиот најуспешен натпреварувач на петтата трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос, која викендов се оддржа на патеката Самоков во Бугарија. Кико како подготовка пред трката во Бугарија настапи на првата трка за 2015 која се возеше во Куманово, од каде директно замина за Самоков. По победата во Македонија, следуваше победа и на Гранд При Бугарија, каде Илиоски беше доминантен во двете трки. Битолчанецот едноставно немаше конкуренција, иако во моментов се наоѓа на втората позиција во генералниот пласман зад Бугаринот Тодор Тотев. Илиоски не настапи на првата рунда од шампионатот заради немањето мотоцикл, а драгоцените бодови кои ги загуби тогаш сега се одразуваат на неговиот пласман па така тој заостанува 38 бодови зад Тотев.