Самоубиствен напад пред Џамијата на Пророкот во Медина

0
898

Бомбаш самоубиец се разнесе во близина на Џамијата на Пророкот во Медина, едно од најсветите места на исламот во светот, јавува ББС. Засега нема информации за евентуални жртви, но саудијската телевизија извести дека најмалку еден терорист погинал по експлозијата која што се случила пред влезот на самата џамија.

Експлозијата се случила за време на ифтар. На фотографиите на социјалните мрежи се гледа црн чад од пламен во близина на џамијата. Овој напад се смета за продолжение на нападите на муслиманските граѓани пред крајот на месецот Рамазан.