Самоубиствен напад во Кабул

0
262

Силна експлозија се случи денеска во центарот на авганистанскиот главен град Кабул. Од министерството за внатрешни работи е соопштено дека станува збор за самоубиствен напад со автомобил бомба во близина на Министерството за одбрана. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците. Според некои наводи во нападот загинале најмалку 15 лица, додека 160 биле ранети.