Самоубиствени напади во Бејрут

0
461

Во два самоубиствени напади, кои се случија денеска во Бејрут, пред шопинг центарот Бурџ ал Бараџнех во јужниот дел од предградието Бејрут, упориштето на движењето Хезболах, загинаа најмалку 37 луѓе, додека повеќе од 180 се повредени.

Како што јавуваат странските медиуми, се верува дека постои и трет бомбаш самоубиец кој се крие во близина на местото на нападот.

До експлозијата дошло околу 18 часот по локално време кога два бомбаши самоубијци, на раздалеченост од 150 метри во рок од пет минути го активираа експлозивот.

Според соопштението на фотографот на агенцијата АП, локалните згради се значително оштетени, а околу можеа да се забележат телата на загинатите, додека улицата била прекрина со крв. Откако се случил овој напад, безбедностните сили настојува да ги спречат собраните граѓани.