Сан Антонио и Џинобили и следната сезона заедно

0
1161

Емануел Џинобили го продолжи договорот со Сан Антонио Спарс. Наредната сезона ќе биде 14 за Аргентинецот во НБА лигата, во која во текот на кариерата има просечен учинок од 14,3 поени, четири асистенции и 3,8 скока на 865 одиграни натпревари. Џинобили во 1999 година беше избран во втората рунда на драфтот, а во меѓувреме стана најдобриот шутер за три поени во историјата на Сан Антонио и втор според бројот на украдени топки. Аргентинецот во 2008 година беше избран за најдобар шести играч во лигата. Mану има најдобра процент на успешност од активните играчи во НБА лигата од 72,3 отсто (625 победи и 240 порази), а со Сан Антонио има освоено четири шампионски титули.