Санација на МЗ Ѓавато

0
1864

На барање на жителите од село Ѓавато започна санацијата на месната заедница од страна на Општина Битола.

-Овде од мештаните имаше неколку барања, дел од нив изминатиот период ги завршивме. Направени се три мостови во пристапниот дел, додека во идниот период треба да се направи патот, кој што е предвиден со програмата на Светска банка, кој што очекувам во оваа градежна сезона да се заврши. Во тек е санацијата на овој објект, кој е од големо значење за самите мештани, изјави д-р Владимир Талески, градоначалник на Битола. TALESKI

Самиот објект треба да биде саниран најдоцна до 28 август, а вредноста на проектот изнесува околу 650 илјади денари и уште толку за инфраструктурата која досега е направена, односно вкупно над 1,2 милиони денари.GAVATO 1