Сандовал заработи отказ во Гранада

0
354

Шпанскиот фудбалски прволигаш Гранада го отпушти тренерот Хозе Рамон Сандовал, соопшти денеска официјалниот сајт на клубот. Причина за одлуката на раководството се серијата незадоволителните резултати на тимот во последните неколку натпревари.

47 годишниот стратег, кој ја презеде екипата на Гранада во мај во 2015 година, беше ослободен од обврските откако тимот загуби во четвртиот последователен натпревар во Примера.

Гранада во моментов се наоѓа на последното 20 место на табелата со 20 поени по 25 одиграни средби и се наметнува како најсериозен кандидат за преселба во понизок ранг.