Санта Аргирова е предлогот за уредник на информативната програма на МРТ

0
473

Санта Аргирова ќе биде предлогот на СДСМ за уредник на информативната програма на МРТ, дознава А1он. Утре на лидерската средба која треба да се одржи, СДСМ и официјално ќе го соопшти името на предлогот за уредник.

Сите четири партии ќе треба да се согласат со овој избор за Аргирова потоа да биде назначена за уредник на информативната програма на МРТ.

Нејзиниот став за медиумската сфера и за Јавниот сервис е дека граѓаните заслужуваат вистинска и навремена информација, и затоа медиумите треба да работат професионално, а МРТ да е Јавен сервис, а не сервис на било која политичка гарнитура.