Сари: Само не напушти среќата на последните три меча

0
385
Napoli's head coach Maurizio Sarri gives instructions during the Serie A soccer match between AC Milan and Napoli at the Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 4 October 2015. ANSA/DANIEL DAL ZENNARO

Тренерот на фудбалерите на Наполи, Маурицио Сари, вели дека неговиот тим нема среќа во последно време и дека тоа е причината за лошите резултати во последните три меча.

Синоќа Наполи одигра 1:1 со Милан и пропушти да се врати на врвот на табелата во Серија „А”. Пред тоа пак тимот загуби од Јувентус и од Виљареал во Лига Европа.

„Што ни недостигаше во овие три натпревари? Малку среќа. Вечерва и двата тима имаа свои шанси, но можеме многу да жалиме што првото полувреме заврши нерешено. Сакавме да победиме особено поради нашите фанови но, сепак сум задоволен од прикажаното“, изјави Сари.