Саудиска Арабија и сојузниците објавија список на терористи кои ги поддржува Катар

0
241

аудиска Арабија и сојузниците кои ги прекинаа допломатските односи со Катар, објавија во петокот листа со имиња на поединци и организации поврзани со терористичките активности кои ги поддржуваат Катар кој веднаш овој список го нарече невтемелен.

Физичките и правните лица на овој список се „поврзани со Катар и со неговата сомнителна политичка програма“, се истакнува во заедничкото соопштение на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет.

Тоа покажува дека Катар „од една страна тврди дека се бори со тероризмот, а од друга страна ги поддржува, финансира и им дава засолниште на терористичките организации“, додаваат истите извори.

„Четирите земји се усогласија и го составија списокот со имињата на 59 поединци и 12 правни субјекти“, се додава во заедничкото соопштение во коешто се истакнува дека „нема да штедат напори“ за нивниот прогон.

Покрај Катарци, на списокот се и организации од Египет, Бахреин и Либија.