Саудиска Арабија погуби 47-мина, меѓу кои и шиитски имам

0
352

Во Саудиска Арабија се погубени 47 затвореници, меѓу кои и шиитскиот имам што ги предводел антивладините протести, наведува Министерството за внатрешни работи.

Саудиските државни медиуми пренесоа дека на листата на погубените лица е и имамот Нимр ел Нимр, кој во октомври бил осуден на смртна казна поради бунт, непослушност и  носење оружје.

Ел Нимр бил централна фигура на шиитските протести што избувнаа во 2011 година како дел од Арапската пролет. Тој беше голем критичар на сунитските власти во Бахреин, кои сурово ги задушија шиитските протести во 2011 година.

Саудиска Арабија испрати војска да им помогне на бахреинските власти во борбата против демонстрантите, стравувајќи од ширење на протестите.

www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY