Саудиски авиони бомбардираа бунтовнички митинг на 100.000 луѓе во Јемен

0
491

Борбени авиони на коалицијата предводена од Саудијците го погодија главниот град на Јемен, Сана, за време на масовен митинг на околу 100.000 про-Хути бунтовници и симпатизери на бившиот претседател Абдула Салех.

Голем број Јеменци  учествуваа во демонстрации во главниот град Сана во знак на поддршка на Хути-бунтовниците и нивните сојузници, кои го контролираат градот.

Демонстрантите го поддржаа новиот управен совет, објавен од бунтовниците.

Набрзо потоа, авиони на саудиската коалиција, која ја поддржува меѓународно признаената влада, почнале да ги бомбардираат демонстрантите, јави Би-би-си.

За време на демонстрациите, борбените авиони го бомбардирале подрачјето околу претседателската палата, како и други области во Сана. Бомбардирањето резултирало со „непознат број жртви“, јави Асошиејтед прес, цитирајќи ги локалните власти. Некои корисници на Твитер, пак, рекоа дека најмалку тројца цивили загинале, а голем број се повредени.

www.mkd.mk