Саудискиот принц ќе гради туристички рај поголем од многу држави

0
558

Проектот е една од мерките на принцот да се намали зависноста на Саудиска Арабија од приходите од нафтата.

Саудискиот принц Мохамед бин Салман го откри амбициозниот план да создаде туристички рај на брегот на Црвеното Море.

Проектот ќе биде изграден на 30.000 квадратни километри, на површина поголема од Белгија, а ќе го финансира Кралскиот фонд за јавни инвестиции (ПИФ).

Планот е со проектот да се опфатат педесет острови и други локации на брегот и да се претворат во луксузни одморалишта.

На странците кои ќе доаѓаат на ова одморалиште ќе им се олесни издавањето на визи.

Изградбата на луксузниот комплекс треба да започне во 2019 година, а во првата фаза, која би била завршена до 2022 година, ќе се изгради нов аеродром, луксузен хотел и други видови на капацитети за сместување.

Без коментари