Саурез сам го победи Гуангжу за место во финалето на неговата Барса

0
586

Барселона го совлада Гвангжу Евергранде со 3:0 (1:0) и избори пласман на Светското првенство за клубови, кое се одржува во Јапонија. На стадионот во Јокохама трите гола за европскиот шампион го постигна Луис Суарез. Азискиот и кинески шампион, Гвангжу Евергранде, во второто полуфинале на клупскиот Мундијал, се покажа како недораснат противник за европскиот фудбалски владател, Барселона.

Првиот гол Уругваецот, Суарез го постигна во 29 минута, откако Ракитиќ упати удар од далечина голманот на Гванжу само ја одби топката на која натрча Суарез е ја смести во голот. Во 50 минута Иниеста упати прецизна топка кон својот напаѓач, тој ја прими на гради и во паѓање го погоди горниот десен агол. Третиот гол Суарез го постигна од пенал во 67 минута.

Финалето помеѓу Барселона и Ривер Плејт ќе се одигра во 11:30 часот.

Без коментари

LEAVE A REPLY