Саздов и неговите колеги освоија 3,4 милиони долари на ДОТА 2

0
5504

Македонецот Мартин Саздов, во светот на гејмингот познат како „Сакса“, го направи најголемиот успех во историјата на македонскиот гејминг и тоа на најважниот и најголемиот турнир на играта Дота 2.

Саздов и неговиот тим „Digital Chaos“ стигнаа до големото финале на „The International“ турнирот во Сиетл каде утринава загубија со 3:1 од тимот „Wings“, но и второто место е неверојатен успех за интернационалниот тим кој во своите редови го регрутираше и Саздов.

Наградниот фонд на годинешниот турнир надминуваше 20 милиони долари, победничкиот тим заработи, 9,1 милион долари, а Саздов и неговите колеги ќе бидат наградени со 3,4 милиони долари.

Младиот Саздов од Свети Николе е всушност првиот Македонец кој се натпреварува на овој турнир.