СДС нема концепт за странски инвестиции и апсолутно никакво познавање на проблематиката

0
150

„Пресот на владата за странски инвестиции беше уште еден класичен обид за манипулација на јавноста и нејзино дефокусирање од деструктивните економски политики на неспособната влада предводена од СДС.

СДС нема концепт за странски инвестиции и апсолутно никакво познавање на проблематиката ниту регулативата што се занимава со странски инвестиции. На денешниот прес СДС сами се демантираат! Вкупната помош на сите странски компании во Македонија изнесува 25 милиони евра за над 20 компании за 10 години во зоните и исто толку надвор од зоните. 25 Милиони Евра за креирање над 25 илјади работни места плус огромна бројка на индиректни вработувања. СДС и владата не се способни да пресметаат државна помош, па во веселата математика се ставени и платите на генералниот секретаријат, ставени се средствата за градба на индустриски зони, технолошки зони и да биде апсурдот поголем најголема ставка е ДДВ кој според закон е повратен, СДС пресметува ДДВ по формулата на Тевдовски. Ако пресметаме бенефитот според формулата на СДС тогаш само една компанија во Македонија лоцирана во ТИРЗ 1 ќе има 30% опфат од целокупната економијата.

Бркањето на странските инвеститори само ќе им користи на тајкуните на СДС, Бркањето на Странските инвеститори ќе ја намали просечната плата. Оваа погубна политика на СДС мора за престане, доколку оваа лудило продолжи Македонија ја чека економски колапс полош и од криминалната транзиција“ рекоа од ВМРО ДПМНЕ.