СДСМ бара оставки од Стрежево

0
243

-Наместо оправдувања и префрлување на одговорноста каде што ја нема, доблесно е власта на Никола Груевски и неговите раководни кадри од ЈП Стрежево да понесат одговорност за ова што им го направија на земјоделците, а последиците можат да бидат и пошироки.

За да се ублажат последиците од оваа катастрофа, СДСМ бара:

-Владата на Никола Груевски да ги обештети земјоделците, наместо да ги тушира скапите непотребни палми низ Македонија.

-Владата веднаш да ја прогласи состојбата во Пелагонија за елементарна непогода,

-Веднаш да се формира Комисија за проценка на штетите во којашто во најголем број ќе учествуваат земјоделци кои се непосредно засегнати и најдобро ја познаваат состојбата на теренот.

Заради ненавременото решавање на проблемот со свлечиштето, поради што земјоделците веќе имаат огромни загуби, граѓаните на Битола се соочени со ризикот од недостиг на вода, а во прашање е доведно и функционирањето на РЕК Битола, за почеток, директорот и целото раководство на ЈП Стрежево, веднаш да поднесат оставка, изјави Јулијана Силјановска, СДСМ.