СДСМ денеска одлучува за повлекување од преговорите

0
326

Опозициската СДСМ за денеска најави дека по дополнителнителните партиски консултации денеска ќе ја објави конечната одлука за повлекување од преговорите.

Ова вчера од Израел го најави лидерот на партијата, Зоран Заев.

Според опозицијата со одлуката на Советот на јавни обвинители да се преполови тимот на Катица Јанева прекршен е Договорот од Пржино и Законот за специјално јавно обвинителство.

Од ВМРО ДПМНЕ вчера изјавија дека СДСМ по секоја цена се обидува да избега од изборите во април.