СДСМ доби поддршка од опозицијата

0
144

Коалициските партнери на СДСМ ја поддржаа одлуката на СДСМ да ги напушти преговорите и за нив договорот од 2 јуни е неважечки. Сепак, сите го чекаат изходот од разговорите со Нуланд и Хан.

За опозицијата Груевски е тој кој го прекршил договорот од 2 јуни и затоа преговорите се неуспешни.
„СДСМ и опозицијата ги почитуваат заложбите на меѓународната заедница за решавањето на длабоката политичка криза во Македонија… Избори на кои нема да биде обезбедена слободната волја на граѓаните, опозицијата нема да дозволи”, соопшти СДСМ.
Сепак, опозицијата ќе биде присутна на средбите закажани за наредната недела со помошникот државен секретар на САД, Викторија Нуланд и со еврокомесарот Јоханес Хан. Во СДСМ велат дека ја оставаат вратата отворена за можно заедничко решение за кризата. Сепак, опозицијата смета дека по последното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ дека партијата не е подготвена на отстапки („особено не во делот на организација на Владата за подготовка на наредните избори”) мали се шансите за компромис.
По средбите со Нуланд и Хан се очекува и одлуката на опозицијата за кампот пред Владата. Можно е кревање на кампот и промена на антивладините активности на опозицијата, односно нивна радикализација.