СДСМ е против предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за лидерска средба, од ДУИ се за

0
855

Со кого СДСМ би имала лидерска средба и што би разговарале. Имавме лидерски средби и се договоривме, изјави Петре Шилегов од СДСМ на предлогот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсте Мукоски за неопходноста од нова лидерска средба.

„Ние имавме лидерски средби, по основ на тие лидерски средби беше постигнат договорот од Пржино. Крајната цел на тие договори беше одржувањето на парламентарни избори. Резултатите од тие избори никој не ги оспори, вклучително ни ВМРО­ДПМНЕ. Не можеме ние заради неостварена желба на Груевски да си играме избори сѐ додека него не му се погоди парламентарното мнозинство“, рече Шилегов.

На која би се разговарало за нови избори бидејќи нив не може повеќе да ги организира оваа власт која е во заминување, туку да се одблокираат институциите, да се избере собраниски спикер и да се изгласа реформска влада, велат од СДСМ.

Од ДУИ, новиот партнер на СДСМ, велат дека сите политички средства за решавање на политичката криза се добродојдени. Лидерот на ДУИ Али Ахмети неодамна изјави дека за излез од кризата треба да се договорат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. По средбата со Карл Билт Ахмети рече решението за кризата зависи единствено од македонските партии кои може да се договорат меѓу себе.

Вчера на собраниска седница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски побара лидерска средба.

„Почитувани колеги, ги рушиме рекордите, веќе 17 дена бараме дебата и одговор на прашањата. За жал, она што го избра СДСМ е несреќно решние за Македонија. Според мене, повеќе од јасно е дека е време да се седне на заедничка маса и да се отворат сите прашања и да се решаваат со компромис. Освен седнување на заедничка маса и отварање на сите нерешени прашања кои задираат во уставниот поредок на земјава, не може да пројдат освен со заеднички дијалог и наоѓање на компромис. Во неколку наврати реков и уште еднаш ќе упатам апел за лидерска средба за добро на Република Македонија“, рече Мукоски.

Од Алијансата за Албанците се против, а од Беса засега се воздржани.