СДСМ ги поддржува акциите на Шарената Револуција

0
599

Централниот одбор на СДСМ на седница што се одржа доцна вчера го поздрави исполнувањето на двата предуслови кои ги постави партијата.

„Се спречи одржување на криминални избори на 5 јуни и аболицијата целосно се поништи. Ова ќе беше невозможно без огромната упорност, храброст и решителност на илјадници граѓани коишто мирно и достоинствено протестираа на улиците ширум Македонија, за враќање на правдата, слободата и демократијата“, соопштија од партијата.

Централниот одбор на СДСМ го овластил претседателот Зоран Заев и раководството на партијата да го продолжат процесот за излез од политичката криза преку обезбедување и осигурување на владеењето на правото како и исполнување на условите за одржување на регуларни, фер, демократски и кредибилни избори.

Од партијата најавиле и поддршка на акциите на Шарена револуција.