СДСМ: Граѓаните покажаа дека ја сакаат Македонија

0
1398

Им изразуваме голема благодарност на граѓаните на Македонија за големата излезност на денешните вонредни парламентарни избори. Граѓаните покажаа дека ја сакаат Македонија, сакаат промени, сакаат живот во Македонија, изјави само неколку минути по затворањето на гласачките места Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, на вечерашната прес-конференција, известуваат од порталот мкд.мкд

„И овој пат групации блиски до власта се обидоа да го спречат слободното изразување на волјата на македонските граѓани, но во тоа не успеаја“, рече Манчевски