СДСМ: Груевски фатен како ги краде изборите сега со смешни барања

0
242

Стабилна Влада се обезбедува на слободни, фер и регуларни избори, на кои граѓаните слободно ќе ја изразат својата волја.

Вака преку соопштение денеска одговори СДСМ на предлогот на премиерот Никола Груевски за воведување мнозински изборен модел и 17 дополнителни пратенички места за онаа партија која ќе победи на изборите со што ќе се обезбеди стабилна влада.Никола Груевски нека им признае на граѓаните и на јавноста зошто се плаши од нивното барање, што го поддржаа и СДСМ и останатите политички партии, Македонија да биде една изборна единица.

Можеби, дека му се растура шемата на крадење избори?!

Што нема да измисли Груевски откако е фатен со рацете во избирачките кутии.

Денешната негова изјава доликува на дил ориентед политичар каков што е Груевски, кој од очај стана мета на потсмев.

СДСМ бараат Македонија да биде една изборна единица.