СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во мртва трка по пратенички мандати

0
1281

Според податоците објавени од СДСМ, во моментов трката со ВМРО-ДПМНЕ е изедначена и двете коалиции имаат по 51 пратеник.

Во Изборната единица 1 СДСМ освоил 10 места, ВМРО-ДПМНЕ 8, Беса 1, а ДУИ 1 едно место. Во Изборната единица 2 СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат по 9 места, а ДУИ и Беса по едно. Во третата Изборна единица ВМРО-ДПМНЕ доби 11 места, а СДСМ 10, во четвртата Изборна единица битката е изедначена, и двете коалиции имаат по десет пратенички мандати.

Во петката СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат по четири места, Алијансата за Албанците 1 и ДУИ едно место. И во шестата Изборна единица, СДСМ иВМРО-ДПМНЕ се изедначени со по 4 места, ДУИ 5, Беса 5, ДПА 2 и Алијансата за Албанците 2 места.

Додека пак лидерот на партијата Зоран Заев се обрати од пред владата каде што веќе се собрани поддржувачи на СДФСМ и прославуваат победа.

мкд.мк