СДСМ и Заев попопуларни од ВМРО-ДПМНЕ и Груевски

0
1254

СДСМ по низа години за првпат има повисок рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ, а Зоран Заев е попоуларен политичар од Никола Груевски, покажуваат резултатите од истражувањето на БРИМА по изборот на новата влада.

Првото место по популарност го има СДСМ со 22,4 отсто, а ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од 19,8 отсто од граѓаните. Кај македонските гласачи, ВМРО-ДПМНЕ има за 0,9% повисока поддршка од СДСМ, но кај вкупниот електорат СДСМ има предност од 2,6 отсто, бидејќи ја има поддршката од 6,3% од етничките Албанци, како и 15,1% од другите етнички заедници.

Во албанскиот политички кампус ДУИ и понатаму ја задржува предноста со 26.6% во однос на Беса која е поддржана од 15.8% и Движењето за реформи во ДПА кое ја поддржуваат 15.5% етнички Албанци.

Последното истражување на БРИМА покажува и промени во рејтингот на политичарите. На позитивната листа сега води Зоран заев со 17,7% проддршка, а Никола Груевски е зад него со 13%. Кај Албанците најголема доверба ужива Али Ахмети за кого се определиле 23.8% етнички Албанци, потоа следува Зијадин Села со поддршка од 15,9% и Билал Касами со 13,9%.

На негативната листа, пак, на прашањето во кој политичар имате најмалку доверба, 27.6% анкетирани граѓaни на ова прашање одговорија дека најмалку доверба имаат во Никола Груевски, а зад него е Зоран Заев со 18.7% негативни гласови. Во сегментот од електоратот што го сочинуваат етничките Македонци Зоран Заев и Никола Груевски на негативната листа се изедначени со по 26.1%. Но, Груевски е негативно оценет од страна на 25.6% етнички Албанци наспроти само 0.3% негативни гласови за Зоран Заев во овој дел од електоратот.

Сепак во вкупниот електорат во најголем број се граѓаните кои немаат доверба во ниту еден политичар, 29.8%.

Инаку, истражувањето било спроведено во периодот од 2 до 12 јуни, лице в лице во домовите на анкетираните, а со него с еопфатени 1.193 граѓани.

мкд.мк