СДСМ: Институциите се должни да овозможат мирен трансфер на власта

0
280

Уставот ќе се испочитува, парламентарното мнозинство ќе ја формира новата реформска европска Влада. Уставот, Деловникот и законите мора да се почитуваат. Мнозинството граѓани избраа да живеат во демократија, а не во режим и демократските процеси се почнати. Тие водат кон квалитетен живот за сите граѓани и кон евро-атлaнтска перспектива на Македонија, соопшти СДСМ.

„Македонија и граѓаните нема повеќе да бидат заложници на мала криминална група во раководството на ВМРО-ДПМНЕ која ги блокира процесите и сака са ја изолира државата за да продолжи режимот, а тие да се спасат од правдата. Легитимното парламентарно мнозинтво од 67 пратеници избрани од повеќе од 700 илјади граѓани, многу брзо ќе избере нов претседател на Собранието, а потоа и нова влада, согласно Уставот, Деловникот и законите. Порачуваме на институциите дека се должни да овозможат мирен трансфер на власта.

Вработените и граѓаните да не потпаѓаат во сценаријата на разгорување тензии и тешки казниви дела против државните интереси водени од Трајко Велјаноски, Никола Груевски, Ѓорге Иванов“, соопшти СДСМ.

mkd.mk