СДСМ ја напушти седницата на Совет

0
1000

Во знак на протест советничката група на СДСМ од Битола ја напуштија денешната седница на Совет поради неприсуството на како што рекоа градоначалникот Талески.

– Градоначалникот ни беше кажано дека не може да дојде на седница и не може да ни даде одговор на прашањата : Каде се парите на општина Битола, Како општина Битола моментално функционира со секретар кој што е во домашен притвор?, Зошто училиштата се обврзани за огромни суми на пари за услуги за кои самите не објавиле тендер , и всушност што се се правело во изминатиот период со парите во општина Битола? Во знак на протест ние ја напуштивме седницата на Совет, изјави Наташа Петровска советник од СДСМ Битола

Од претседателката на Совет беа информирани дека градоначалникот е надвор од Битола

-СДСМ побараа присуство од градоначалникот Талески на седница на Совет, но градоначалникот е надвор од Битола. Тие ја напуштија седницата а ние продолживме со расправа со дадените точки од дневниот ред, изјави Силвана Ангелевска, претседател на Совет

Советниците од СДСМ се приклучија на Граѓанската иницијатива „Протестирам“ која што денеска напладне одржа мирен едночасовен протест пред зградата на општина Битола.

Учесниците на собирот го блокираа сообраќајот на булеварот „1. Мај“ и јавно ги посочија своите познати барања за оставка на градоначалникот Владимир Талески, повлекување на одлуката за аболиција што ја донесе шефот на државата, како и повлекување на одлуката за предвремени парламентарни избори што ја потпиша претседателот на Собранието на Република Македонија.