СДСМ му честита на лидерот затоа што ја продолжува кризата

0
395

Владејачаката партија ВМРО-ДПМНЕ смета дека опозициската СДСМ продолжува да функционира според нивнито деструктивно мото “колку полошо за државата и народот, толку подобро за партијата”.

 „СДСМ е единствената опозиција која бега од избори и бегството од избори го прославува како победа. Толкав е стравот на Заев од соочување со граѓаните. Централниот одбор вчера потврди дека му честитал на единствениот аболиран политичар што ја продолжил кризата во државата со цел да не се соочи со тежок изборен пораз и казна од мнозинството граѓани“, се вели во соопштението.

Додаваат дека Централниот одбор, му честитал на Заев, помилуван за криминал од 8 милиони евра, што ќе ја малтретира Македонија уште којзнае колку време само за да избега од реалноста и вистината дека народот не ја прифаќа неговата деструктивна и манипулативна политика и нема да се согласи Заев и СДСМ да ја водат државата.

„Централниот одбор му честитал на Заев за тоа што не си поднел барање за повлекување на аболицијата за “Глобал” покажувајќи дека за сите граѓани важат законите и може да одговараат кривично, а само за него не. На тој начин СДСМ останува единствената партија која има лидер, осомничен дека украл 8 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ./крај/со/бб