СДСМ не оди на избори на 24 април

0
418

Само еден час траеше седницата на Извршниот одбор на СДСМ на кој се донесе одлуката за тоа дека партијата нема да учествува на предвремените парламентарни избори на 24 aприл.

СДСМ утре ќе ги соопшти деталите како ќе делува понатаму. Денеска СДСМ соопшти дека и натаму ќе работи на тоа да имаме фер и демократски избори.

На изборот на новата влада, опозицијата не присуствуваше. Во новиот сосостав се и Спасовски и Ременски. Но, како што рече Антонио Милошоски на вечерашната седница на собранието дека доколку вечерва министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, избрани од СДСМ, не дојдат и не положат заклетва, премиерот Димитриев ќе ги извршува нивните функции се додека  тие не го сторат тоа.
„Ја повикувам опозицијата конструктивно да се однесува.Ја уверувам дека преодната Влада ќе организира фер и демократски избори. Вие имате одговорност и треба да се вклучите во овј процес“, порача премиерот Димитриев.