СДСМ нема да оди на избори на 5 јуни

0
491

СДСМ нема да учествува на избори на 5 јуни, објави вечерва претседателот на партијата, Зоран Заев.

Тој истакна дека избори без слобода, со притисоци, без реформи во медиумите, без пречистен избирачки список се лажни, нефер и недемократски и тоа е причината поради која опозициската СДСМ нема да учествува на овие избори.

Зев ги повика сите граѓани, студенти, пензионери, без оглед на партиска, религиска или етничка припадност, заедно да застанат и да ја сочуваат демократијата.

Тој рече дека Договорот од Пржино беше потпишан за да се обезбеди принципот „еден човек еден глас“, но оти избирачкиот список не се прочистува, не се носат реформи во медиумите и не прекинуваат притисоците.

„Или Груевски или Македонија“, рече Заев на прес-конференцијата во партиското седиште, нагласувајќи дека без слободни избори нема слобода.