СДСМ нема да седне на лидерска средба со криминалци

0
618

Имаме план и стратегија како да се одблокира работата наа Собраниетои како да се избере новаата влада. Во даден момент овој план ќе го реализираме за доброто на Македонија. Овие 67 пратеници нема да дозволат никаков терор и никој нема да спречи токму ова демократско мнозинство да избере нова влада, изјави денеска во Собранието Љупчо Николовски, пратеник на СДСМ.

„Денешното напуштање на собраниската сала значи дека се откажуваме од репликите, но строго ќе го критикуваме претседавачот Трајко Вељаноски за прекршувањето на Деловникот“, рече Николовски.
За можна лидерска средба Николовски рече дека не планираат средба со криминалци. „Ниту ќе се договараме, нити ќе преговараме со нив“, рече Николовски.