СДСМ никогаш не биле на терен, вели ВМРО ДПМНЕ

0
1470

-Партијата која освен пратеници на хартија и комисии во канцеларија нема резултати во реалноста, продолжува со секојдневни манипулации за затскривање на својата неспособност и скандалозни одлуки.

Социјал Демократскиот Сојуз упорно покажува дека е партија која е добра на зборови но лоша на дела. Во желбата за медиумско внимание, продолжуваат со дрска злоупотреба на маката на граѓаните и тоа преку своите легитимно избрани пратеници, кои да потсетиме, повеќе од една година наоѓаат смешни изговори да не одат на своите работните места а не наоѓаат ронка доблест за да не земат плата.

Раководството на СДСМ и партиските структури нити некогаш биле, нити сега се на терен меѓу граѓаните или земјоделците за да ги слушнат нивните секојдневни проблеми. Доказ за тоа се јавните изјави на високи партиски функционери полни со основни непознавања на системот на водоснабдување односно надлежностите на институциите вклучени во него, изјави Соња Трпезановска, ВМРО ДПМНЕ.