СДСМ: Одбиено барањето за Б интегрирана еколошка дозвола

0
698

Кај месноста Билбил камен СДСМ денеска одржа прес конференција.

„Битката која заедно ја водевме изминатите години и официјално е добиена. Еве официјало решение издадено од општина Битола до ОПЕРАТОРОТ во кое децидно е наведено:

„СЕ ОДБИВА барањето за издавање на Б интегрирана еколошка дозвола за површински коп за експлоатација на минерални суровини во месноста Билбил Камен во општина Битола“.


Со ова решение  паднаа во вода сите обвинувања кои беа упатувани на наше име, дека ова го правиме за политички поени, дека работиме против законот и изнесуваме невистини. Се потврдија сите наши укажувања дека каменоломот не смее да работи во непосредна близина на градот, влијаејќи негативно врз животната средина и здравјето на граѓаните.

Доколку од било кои причини каменоломот на Билбил Камен повторно се обиде да работи, ние како граѓани на Битола, ќе постапиме по примерот на другите градови во Република Македонија и ќе бараме граѓаните да се изјаснат на референдум за неговото работење.

Здравјето на граѓаните и чистата животна средина е над било кои лични и бизнис интереси и затоа ги повикуваме институциите да ја проверат законската оправданост на досегашното работење на каменоломот.

Упатуваме голема благодарност до сите граѓани и институции кои ни дадоа поддршка во оваа заедничка битка, а воедно апелираме до операторот уште веднаш да почне да ја враќа локацијата во провобитна состојба“ рече советникот од СДСМ Горан Козаров.