СДСМ побара оставка од Талески

0
1450

„ Уште еднаш се потврди дека она што го покажа Вистината за Македонија навистина е така.  Се покажа дека објавениот разговор каде што Зоран Ставрески кажува за Талески дека е најголем криминалец не е ниту сечен, ниту лепен ниту монтиран.  Останува исттрагата да ги даде сите одговори, меѓу кои и каде завршија 360.000 евра за кои се сомничи Талески?Најважното сега за граѓаните е како ќе функционира Општина Битола со Градоначалник кој е во домашен притвор?  ВМРО-ДПМНЕ наместо да се огради, уште еднаш се стави во одбрана на луѓе осомничени за криминал, на кои личниот интерес и профит им е во прв план и со тоа само докажа дека криминалното работење е нивна главна одлика.  За доброто на Битола и битолчани, го повикуваме Владимир Талески во најкус можен рок да си поднесе оставка.  На тој начин ќе се овозможи нормално функционирање на Општината во интерес на сите граѓани“ рече Борче Корлевски портпарол на СДСМ.