СДСМ победи во 38 општини, ВМРО-ДПМНЕ во три во првиот круг

0
727

Според преелеминарните резултати од Државната изборна комисија СДСМ во прв круг доби градоначалници во 37 општини и во град Скопје. ВМРО-ДПМНЕ пак, во првиот круг успеа да освои три општини.

Според ДИК, СДСМ и неговите партнери имаат освоено 415.726 гласови, додека за ВМРО-ДПМНЕ гласаа 335.054 избирачи, трета партија е ДУИ, а потоа следува Беса.

СДСМ победи во сите поголеми градови, како Скопје, Битола, Куманово, Охрид и Велес, додека ВМРО-ДПМНЕ во прв круг победи во скопските општини Петровец, Сопиште и Илинден.