СДСМ поднесе иницијатива за итно распуштање на Собранието

0
316
Опозициската коалиција предводена од СДСМ денеска до Собранието поднесе иницијатива за итно распуштање на Парламентот.
На иницијативата е потпишана целата пратеничка група на СДСМ и нивните коалициски партнери, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски.
Тој нагласи дека секој обид за одлагање на распуштање на Собранието ќе биде доказ дека владејачката коалиција не сака избори на 11 декември.