СДСМ: Погрешните политики на Груевски иселија 250 илјади млади од Македонија

0
181

Единствениот „успех“ на Никола Груевски за младите во Македонија е тоа што поради неговите лоши, погрешни и криминални политики над 250 илјади млади луѓе се иселија од државата.

Ова се наведува во псимената реакција на опозиционата СДСМ на говорот на премиерот и лидеер на ВМРО –ДПМНЕ пред помладокот на партијата, при што говореше за отворање на нови работни места

Груевски е изворот, суштината на бројните проблеми во Македонија и само негово заминување е опција за нивно решавање, сметаат од СДСМ.

„Креаторот на сите проблеми во Македонија, виновникот за иселувањето на младите, за економското пропаѓање на земјава и за најдлабоката политичка и државна криза, Никола Груевски, очигледно има голема потреба да го смирува своето членство со лажно силење и говори полни со излитени фрази“, велат од опозиционата партија.

Според СДСМ, Груевски по секоја цена сака да избега од фер, слободни и демократски избори, бидејќи, според опозицијата, ќе доживеел катастрофален пораз

„На фер и демократски избори народот ќе му испорача на Груевски огромен, катастрофален пораз после којшто целосно ќе биде збришан од политичката сцена. Од таков изборен пораз Груевски нема да може да избега. Граѓаните чувствуваат дека тоа е стратешки интерес на Македонија и нејзината иднина“, стои во соопшението и се додава дека слободни, фер и демократски избори може да обезбеди само Влада без  Груевски. /крај/

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Макфакс

Без коментари

LEAVE A REPLY