СДСМ повторно најавуваат техничка Влада

0
508

Социјалдемократите повторно најавуваат можност за формирање на техничка влада.  Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски,на протестот во Велес рече дека многу брзо ќе се формира влада што ќе ги исполни условите  за одржување на фер и демократски избори. Иако не сакаше да одговори, дали веќе се вршат преговори околу ова можност, партискиот портпарол, Петре Шилегов, е убеден дека тоа ќе се случи.

Од опозицијата не откриваат детали околу можната идна техничка влада и какви задачи би имала, и дали можеби на дневен ред ќе го има и спорот за името.