СДСМ прашува: зошто нема полигон во Битола?

0
370

-Денес сме на оваа локација да одбележиме панихида од 2,5 годишнината од пропаднатиот полигон за полагање на возачки испит. После безбројните лаги и ветувања од страна на градоначалникот Талевски, дека Битола ќе добие  нов полигон по сите европски стандарди, прашуваме :

Зарем не е страмота град како Битола цели две и пол години да нема полигон, а граѓаните за полагање на возачки испит да одат до Прилеп и Ресен?

Зарем не е срамота  Прилеп да има два полигони,  Ресен еден а Битола ниеден?

Дали отсуството на полигон во Битола е последица и заштита на бизнис интересите блиски до градоначалникот Талевски и ВМРО-ДПМНЕ ?

Дека се работи за доходовен бизнис !

Годишно полагаат од 1000 до 1200 кандидати , на кои им се наплаќа 1200 денари за користење на полигон, што значи на годишно ниво се плаќа 24 илјади евра или 1,5 милиони денари. Значи изминатите 2,5 години 70 илјади евра на битолчани се одлеале во соседните градови. Чии бизнис интереси се штитат со неотворањето на полигон во Битола?, изјави Горан Козаров СДСМ-Битола