СДСМ преку фејсбук најавува нови бомби

0
3087

Опозиционата партија СДСМ во саботата изутрината преку социјалната мрежа фејсбук најави дека ќе продолжи со објавување на прислушуваните разговори или таканаречените бомби.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот фејсбук профил најави објавување на бомбите, а и дел од останати функционери на СДСМ исто така најавија на своите профили објавување на бомбите.

Ваквата најава на опозицијата уследи по ноќешните разговори меѓу лидерите на четирите политички партии, на која не беше постигна договор, но посредникот Питер Ванхауте истакна дека било договорено тој да има билатерални преговори со партиските лидери.

Засега нема информација кога точно би се објавила следната бомба, ниту на која тема таа би била.

СДСМ стави мораториум на објавувањето на бомбите по првиот договор во Пржино на 2 јуни. /крај/мф/ап/