СДСМ се враќа во парламентот

0
1344

На 1-ви септември, опозициската СДСМ ќе го прекини бојкотот и ќе се врати во парламентот, ова го изјавил за Утрински весник, лидерот на партијата, Зоран Заев.

„На 1 септември се враќаме за да го усвоиме законот за специјалниот обвинител врз основа на кој ќе биде избран специјалниот обвинител. Овој закон е клучен во целиот процес, бидејќи од неговата содржина и надлежност ќе зависи и кандидатот што ќе биде избран на оваа позиција“, вели Заев.

Враќањето на опозицијата во парламентот беше една од точките во договорот од Пржино, што четворицата лидери Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи го постигнаа под покровителство на меѓународната заедница.

Освен тоа треба да се избере специјален јавен обвинител, за кој Заев вели дека е сигурен оти ќе се постигне договор измеѓу четворицата лидери.

Работните групи составени од претставници на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПМ ќе продолжат со работа на 17 август, а до тогаш ќе ги прецизираат деталите околу законското решение за специјален јавен обвинител и начинот на негов избор.

Без коментари

LEAVE A REPLY