СДСМ скрати пари за Битола

0
2206

– Деновиве се што покажува СДС е реваншизам и кратење на средствата наменети за проекти од витално значење за граѓаните. Се кратат 58 милиони евра од капитални инвестиции а се зголемуваат ставките за плати во сите министерства и агенции и тоа за вработувања на партиски членови.
Се крати од средствата со кои се завршуваа проекти и градби на училишти и старски домови. Во Битола се кратат и обезбедените пари за Офицерскиот дом, за оној истиот за кој беа толку многу загрижени, за Копанки, за изградба на мултинаменскиот спортски центар, за експресниот пат Битола-Меџитлија. Се кратат и средства обезбедени за студентите, и тоа 10.040.000 денари помалку за Битолскиот Универзитет Св. Климент Охридски, од средствата за училишни спортски сали како онаа во Тодор Ангелевски, затоа што побитно е да се вработи Бубо Каров и другите шарени таканаречени “револуционери”.
Подеднакво трагично е што нема да има зголемување на пензиите и другите социјални надоместоци за граѓаните на кои им се најпотребни.
Ете за такви политички и не етички вредности се залагаа и тоа го покажуваат при секоја можност пред граѓаните на Македонија, изјави Никола Јовески ВМРО-ДПМНЕ

Без коментари