СДСМ со најновиот ултиматумот ја продлабочува кризата

0
436

Социјалдемократскиот сојуз со одлуката за замрзнување на својата работа во Собранието и ултиматумот кон Уставниот суд ја продлабочува кризата во Мекедонија, смета Владимир Ѓорчевм, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него со продлабочување на кризата губи народот и губи државата, а на крајот ќе загуби и виновникот за оваа состојба, а тоа е СДСМ.

– Колку што СДСМ повеќе тоне, толку повеќе се обидува да ја повлече со себе и државата, максимално пролонгирајќи ја кризата. Видоа дека цела домашна и меѓународна јавност почна да им се смее за измислените половина милион како што тие велат фантоми во Избирачкиот список, откако ВМРО-ДПМНЕ им предложи да понудат каква сакаат методологија за прочистување на Избирачкиот список за да се уверат дека тој е коректен. СДСМ мораше да почне да се крие, откако ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека ќе ги прифати сите нивни услови и со тоа СДСМ стана буквално предмет на потсмев, рече Ѓорчев.

Со најновата одлука и ултиматум кон Уставниот суд, продолжи тој, СДСМ докажа дека тие и невладините организации под контрола на СОРОС се едно исто, останува уште да видиме дали пратениците на СДСМ ќе ги замрзнат и платите и ќе се финасираат од истиот извор од кој се финансираат и така наречените невладините организации, рече Ѓорчев.