СДСМ стана многу деструктивна политичка партија

0
219

СДСМ стана многу деструктивна политичка партија која што го стави во грч сиот народ во Република Македонија со начинот како се однесува во последнава година, со бројните афери и лаги и невистини што ги фабрикуваа во изминатиов период, порача членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ставрески на трибината „На Македонија и треба твојата идеја“ што се одржа во Могила.

Тоа, нагласи, покажува дека СДСМ го стигна не дното, туку како што велат двојно дно и таман кога ќе помислиш дека неможат пониско да се спуштат тие доаѓаш до информации дека имаат нова афера и уште од пониско од тоа се спуштаат, го сведуваат политичкиот натпревар на нешто што тој не треба да биде.