СДСМ уште денеска да побара распуштање на Собранието

0
252

ВМРО ДПМНЕ преку соопштение го повика СДСМ уште денеска да достави барање до Собранието за негово распуштање.

„ Поттикнати од вчерашниот собир во организација на СДСМ/Сорос, од нивната празна реторика која ја слушаме десет години наназад, како и од желбата на огромното мнозинство на граѓани кризата наметната од СДСМ да заврши и да се стави крај на политичкото заложништво, конфликтите и деструктивноста, го повикуваме СДСМ уште денес да достави барање до Собранието на Р. Македонија за негово распуштање. Доколку СДСМ собере храброст, го повикуваме Претседателот на Собранието г-дин Трајко Вељановски да ја стави таа точка на дневен ред за да биде разгледана и усвоена“ се вели во партиското соопштение.

Без коментари

LEAVE A REPLY