СДСМ влезе во владата на Груевски

0
1563

Собранието на Република Македонија попладнево во рамки на 76-та седница ги избра замениците-министри за финансии Кире Наумов, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски.

Поранешните министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Митко Чавков и Диме Спасов ги добија дополнителните заменички функции во ресорите кои досега ги раководеа. За заменик-министер во Министерството за информатичко општество и администрација е избран  Тимчо Муцунски.

Премиерот Никола Груевски образложувајќи го предлогот за избор на заменици министри и дополнителните министри рече дека тие произлегуваат од Договрот јуни/јули од Скопје и измените на Законот за владата.