СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и СТЕНТОН за рудникот кај „Билбил камен“

0
2815

Викендов во Битола протест и блокада на патот Битола-Ресен кај рудникот за ископување минерални суровини.

„ Дали рудникот ќе има штетни последици по општото здравје на битолчани и дали истиот ќе влијае врз зголемување на бројката на заболени луѓе од респираторни заболувања? ,дали е направена соодветна физибилити студија, а доколку студија има зошто истата не е доставена на увид на советниците во Советот на Општина Битола,дали сообраќајното решение е соодветно со оглед дека рудникот излегува на магистрален пат кој во иднина е планиран за експресен пат“ праша Александар Кирацовски потпретседател на СДСМ.

13566987_1164906226909322_4599028776162271438_n

На оваа реагираа од владеачката ВМРО ДПМНЕ.

„ Кога не се погрижиле да се информираат за она што го зборуваат пред јавноста, сакаме дополнително да ги информираме и дека локацијата за рудникот (а не каменоломот како што тие тврдат) е утврдена од страна на Министерството за економија по претходно добиено мислење од сите релевантни министерства, вклучително и Министерството за животна средина.Оваа инвестиција нуди и нови работни места , кои за СДСМ изгледа и незначат ништо“ рече Валентина Маркоска портпарол на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

13555564_1348345228514230_2094044539_o

Со демант се огласија и од фирмата концесионер, во кој што велат дека целата законска процедура е запазена и дека ниту тие нема да дозволат со нивната работа да биде загрозено здравјето на граѓаните.

Screenshot from 2016-07-04 12:15:38

Screenshot from 2016-07-04 12:16:00