СДСМ за доаѓањето на Груевски во Битола

0
4882

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски без идеи и без никави резултати во изминатите 11 години за Битола и битолчани не реализираа нити еден капитален објект.Едно зборуваа и ветуваа пред битолчани а ништо не направија во изминатите 11 години, затоа битолчани се прашуваат со кое лице Никола Груевски ?

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски на битолчани им ветија гасификација, топлификација, нов стадион, нова спортска сала, затворен базен, изградба на опожарениот планински дом Копанки, подземни и катни гражи, полигон за полагање возачки испит. Меѓутоа ништо од ова не направија.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не прифатија ниту да се изгради Клинички центар во Битола, ниту пречистителна станица, радинки , ниту го реализираа со европски пари ветувањето за железничкото поврзување и возобновување на железничката пруга Битола-Кременица, како и фруги проекти од суштинско значење за граѓаните на Битола.Но тоа беа смао виртуелни проекти на ВМРО-ДПМНЕ, лои што во Битола никогаш не се реализираа.
Ама, затоа додека битолчани осиромашуваа, додека битлчани се труеа од воздухот кој го дишат, додека невработеноста се повеќе и повеќе растеше и поради тоа најголемиот дел од младите си заминаа во странство, Никола Груевски и Владимир Талески во изминатите години единствено мислеа на изборни измами, провизии, темдери на мерцедес од 600 илјади евра.
Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ наместо да им се извинат на битолчани и оградат од обвинетиот криминалец Владимир Талески тие и натаму се во негова одбрана и на луѓе осомничени за криминал, на кои личниот интерес и профит им е во прв план и со тоа само докажаа дека криминалното работење е нивна главна одлика, со кое Битола ја направија акционерско друштво, од кое секоја година очекуваат дивиденда за Груевски и фамилијата, изјави Борче Корлески СДСМ.

Без коментари