СДСМ за инфраструктурата во Бадембалари

0
1328

– Се наоѓаме на уште едно место од градот кое е заборавено изминатите 12 години.  Улицата Никола Ѓорѓиевски – Никлец, е во очајна состојба, а резултатот е незадоволни жители, кои ги уништија своите автомобили, поминувајќи секојдневно по пат со крајно неестетско и непрактично решение.

Вакви улици за познатата населба Бадембалари мора да станат минато. Во нашата програма нудиме решенија за подобро утре за граѓаните на месната заедница Димитар Влахов и тоа:

Асфалтирање и подобро осветлување на улиците
Изградба на Спортско рекреативен центар на ул. 6-та и кај месната заедница
Чистење на диви депонии
Поставување на контејнери кај месноста Петочна Вода
Хортикултурно уредување кај месната заедница.
Почитувани сограѓани,
Времето на лажни ветувања помина. 12 години ДПМНЕ владее од лаги и делумно завршени проекти.
12 години – ако се работеше чесно и домаќинско, не ќе останеше ниту една улица за реновирање изјави, Билјана Поповска кандидат за советник од СДСМ и коалицијата

Без коментари